Bilgin S. Şaşmaz
05 Март 2017•Ажурирај: 06 Март 2017
ЧИКАГО (АА) - Во американскиот град Чикаго одржана е трката „CHIditarod Race” во која учествуваа костимирани тимови, а возилата им беа прилагодени колички за пазарење, јавува Anadolu Agency (AA).
На овогодишата трка која е организирана по 12 пат, учествуваа 116 тимови кои се состоеја од најмалку пет членови.
Учесниците тргнаа од стартната линија на раскрсницата на улиците Волкот и улицата Хубар.
Пристутните можеа да видат различни костими меѓу кои се истакнуваа темите на Вајкинг, астронаути, школски автобус, возови и противпожарни екипи.
Приходот од 43.000 долари собран од учесниците на трката и споредните активности ќе бидат донирани на хуманитарни организации.