Qays Abu Samra,Zeynep Hilal Karyağdı
29 Јули 2017•Ажурирај: 30 Јули 2017
РАМАЛА (AA) - Свештеник од Западниот брег и член на Исламско-христијанската комисија Мануел Муселем изјави дека треба да продолжи борбата против израелските интервенции врз џамијата Ал-Акса и повика на граѓанска непослушност, јавува Anadolu Agency (AA).
Муселем којшто живее во местото Бирзеит недалеку од градот Рамала, во разговор за АА зборуваше за последните случувања во Ерусалим. Тој рече дека одбивањето на Палестинците да поминат низ детекторите и нивното извршување на молитвата околу џамијата Ал Акса претставува еден вид на граѓанска непослушност, како и дека таквиот став треба да се прошири на целокупната палестинска територија.
„Борбата за Ал Акса и Ерусалим е всушност тој дел на борбата против окупацијата. Ние сме палестински арапски народ којшто е под окупација на ционизмот. Мораме да нарпавиме нешто и да се спасиме од окупацијата”, рече Муселем.
Тој ги повика сите Палестинци на единство и на формирање едно ново ослободително движење за да се обезбеди иднина без окупација.
„Граѓанската непослушност претставува еден цивилен отпор. Некои народи во светот на тој начин успеале да се спасат и да му се спротистават на колонијализмот, на крајот беа победници. Тоа е патот кој води кон слободата”, смета Муселем.
Наведува дека зад последните случувања во Ерусалим се кријат политички цели. “Ова е една политичка игра, еден сценарио. Израел се обидува да постави еден авторитет така што во се се вплеткува. На тој начин се обидува да ги презеде клучевите од сите врати на Ал Акса”, рече Муселем.
„Како Арапите и муслиманите можат да прифатат дека клучевите од вратите на Магрибе од 1960. Година се во рацете на Израел. Израелците во харемот влегуваат како и кога сакаат. Се играат во дворот, пеат песни. А ова пред се е свето место, а не простор за излет. Ова е Божја куќа и оној којшто во влегува во неа мора да го направи тоа со почит”, порача Муселем.