Mahmut Atanur
28 Септември 2020•Ажурирај: 29 Септември 2020
ЏАКАРТА
На индонезискиот остров Борнео, во подрачјето на провинцијата Северен Калимантан, настанаа свлечишта во кои животот го загубија 10 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста што ја објави индонезиската агенција „Антара“, во градот Таракан во споменатата провинција поројните врнежи од дожд предизвикале свлечишта на три различни локации.
Претставниците на власта информираа дека во местата Матахари, Хуата Пермаи и Гурунг Селатан, што се наоѓаат на подрачјето на градот, настанале свлечишта во кои животот го загубиле 10 лица.
На местата на кои настанаа свлечиштата продолжуваат спасувачките операции за спречување нови човечки жртви.
Во Индонезија, каде што владее тропска клима, поплавите и свлечиштата се честа појава поради поројните врнежи од дожд.