Ahmet Emin Dönmez
16 Јуни 2021•Ажурирај: 17 Јуни 2021
ЈАУНДЕ
Три лица ги загубија животите во авионска несреќа што се случи при полетување на авион во провинцијата Северен Киву во Демократска Република Конго, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите објавени во националните медиуми, комерцијален авион се урнал кусо по полетувањето од Аеродромот „Кавуму“.
Во несреќата животот го загубија три лица, од кои двајца членови на екипажот и еден патник.
Претставниците на власта не дадоа никакво соопштение во врска со несреќата.