Mustafa Keleş
27 Февруари 2016•Ажурирај: 28 Февруари 2016
ЊУЈОРК (АА) - Стефан де Мистура, специјалниот претставник на ОН за Сирија, изјави дека сириските разговори за мир продолжуваат на 7 март, ако се остане при одлуката да се стави крај на конфликтот и да се испорача хуманитарна помош за Сирија, јавува Anadolu Agency (АА ).
Де Мистура преку видео линк учествуваше на состанокот во Женева, истакнувајќи дека во петок на полноќ ќе стапи на сила договорот за окончување на конфликтот во Сирија.
"Планирам на 7 март повторно да ги започнам политичките преговори, ако се почитува одлуката да се стави крај на конфликтот во Сирија и ако се обезбеди непрекината испорака на хуманитарна помош", рече де Мистура.
Тој посочи дека разговорите ќе продолжат со истите групи и претставници и ќе се дискутира за теми како и на претходните средби.
Во Женева, во петокот вечерта се одржа состанок на Меѓународната група за поддршка на Сирија со цел да се постигне прекин на војната во Сирија. Со состанокот претседавааа Соединетите Американски Држави (САД) и Русија, а главна тема на разговорот беа условите под кои конфликтот во Сирија би се завршиле.
Од друга страна, Советот за безбедност на Обединетите нации ја усвои едногласно во петокот нацрт-резолуцијата со која го поддржува најавениот крај на конфликтот во Сирија во петокот на полноќ.