Tufan Aktaş
18 Февруари 2022•Ажурирај: 21 Февруари 2022
ИСТАНБУЛ (АА) ‒ Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека едно дете во Малави е заразено со вирусот на детска парализа (полиомиелитис), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на СЗО се наведува заразеното дете од главниот град на земјата, Лилонгве, е прв случај од заразувањето регистрирано во Нигерија во 2016 година.
Во Малави, каде што е прогласена епидемија, се истакнува дека како резултат на лабораториски тестови, вирусот за детска парализа е поврзан со вирусот забележан во Пакистан.
Директорката на СЗО за Африка, Матшидисо Моети, нагласи дека сѐ додека вирусот на детска парализа продолжува да постои, сите земји ќе се соочуваат со ризик од пренесување.
Вирусот, кој повремено се евидентира во Пакистан и Авганистан, беше прогласен за целосно исчезнат од Африка во 2020 година.
Во 2021 година во светот се откриени само 5 случаи.
Детска парализа се дефинира како болест која се јавува кај деца помали од 5 години и е предизвикана од истоимениот вирус.
Вирусот го инфицира ’рбетниот мозок во еден од секои 200 случаи, предизвикувајќи неповратна парализа.
Помеѓу 5 и 10 проценти од оние кои се парализирани, умираат кога се зафатени респираторните мускули.