Vesna Besiç
17 Март 2017•Ажурирај: 18 Март 2017
АЛ БАБ (АА) - Екипата на АА од воздух го сними сирискиот град Ал Баб,кој за време на офанзивата „Штитот на Еуфрат“ беше ослободен од терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Во долготрајните судири и бомбашки напади, разорен е градот кој некогаш беше трговски центар. Припадниците на ДЕАШ ги користеа како штаб домовите на цивилите, училиштата и другите објекти. На фотографиите од овој сириски град можат да се видат само урнатините што останаа по ДЕАШ.
За време на судирите и воздушните напади, припадниците на терористичката организација ДЕАШ често ги користеа цивилите како жив штит, ги заробуваа оние што сакаа да го напуштат градот и ги присилуваа да копаат тунели.
Терористите честопати ги користеа како контролни центри подрумите на зградите во кои живееја цивили, поради што бомбардерите на коалициските сили ги напаѓаа домовите на цивилите.