Bilgin S. Şaşmaz
26 Декември 2016•Ажурирај: 27 Декември 2016
ЧИКАГО (АА) - Во Чикаго, САД, во оружени напади во текот на викендот загинаа девет, а повредени се 33 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Полициски официјални лица соопштија дека имало многу напади за време на викендот, а со тоа и за време на Божиќ, забележани во јужниот дел на градот.
Во оружен напад пред апостолска црква починало едно лице, а во оружен напад во ноќен клуб почина едно, а беа повредени пет лица.
Познато е дека стапката на криминал во овој град е висока.
Од почетокот на годината во Чикаго се убиени 747, а ранети се 4.258 луѓе.