Ekipa
05 Мај 2019•Ажурирај: 06 Мај 2019
ИДЛИБ (АА) - Во воздушните и копнените напади на населбите во зоната без судири во Идлиб, загинаа пет цивили, а голем број се ранети, наведуваат припадниците на Цивилната заштита (Бели шлемови), јавува Anadolu Agency (AA).
Локалните извори истакнаа дека од утринските часови се извршуваат напади врз подрачјата на перифериите на Хама и Идлиб.
Екипите на цивилната заштита ги продолжуваат акциите на спасување, и покрај интензивните бомбардирања.
Бројот на загинатите лица во нападите извршени од синоќа во зоната без судири во Идлиб е зголемен на 13, а постои загриженост дека бројот на загинатите и ранетите би можел да биде и повисок.
Истовремено, цивилите од подрачјата на кои се извршуваат нападите, продолжуваат да мигрираат кон побезбедни подрачја.
Во нападите извршени врз населбите во зоната без судири во Идлиб во последните три дена загинаа најмалку 40 цивили.
Во извештајот на Сириската мрежа за човекови права (SNHR) се наведува дека во нападите на сирискиот режим во месец април загинале 127 лица, а во руските воздушни напади 13 цивили.
Режимските сили, и покрај Договорот од Сочи, кој со цел воспоставување примирје во Идлиб на 17 септември 2018 година го постигнаа Турција и Русија, продолжуваат со нападите.