Ömer Koparan
24 Мај 2021•Ажурирај: 24 Мај 2021
ЏАРАБУЛУС
Најмалку тројца цивили загинаа во бомбашки напад во градот Џарабулус, во северниот дел на Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во центарот на Џарабулус, што од терористичките организации е ослободен за време на операцијата „Штитот на Еуфрат“, е извршен напад со мотоцикл на кој бил прицврстен експлозив.
Во експлозијата загинаа најмалку тројца цивили.
Припадниците на безбедносните сили го истражуваат случајот, а постои можност за нападот да се одговорни припадниците на терористичката организација ЈПГ/ПКК, која често извршува напади врз регионите Африн, Азаз, Ал-Баб и Џарабулус.