Betül Yürük
08 Јануари 2017•Ажурирај: 09 Јануари 2017
ЊУЈОРК (АА) - Снежната бура и студеното време во сојузните држави во североисточниот дел на САД имаат негативно влијание врз секојдневното функционирање на населението, а откажани се и најмалку 3.000 летови, јавува Anadolu Agency (AA).
Снежна бура ја погоди Северна Каролина, Џорџија, Вирџинија и Масачусетс, а се очекува и во Њујорк. Гувернерот на Северна Каролина, Рој Купер, изјави дека поради обилните снежни врнежи се случиле стотици сообраќајни незгоди, а одредени патишта се затворени за сообраќај.
Поради интензивните снежни врнежи и отежнатите услови за возење, многу возачи чекаат подобри услови за патување. До прекини во снабдувањето со електрична енергија има во Северна Каролина и Џорџија.
Ширум САД, поради неповолните временски услови откажани се над 3.000 летови, а регистрирани се и многу доцнења.
Националната метеоролошка служба на САД го предупреди населението дека денес ќе дојде до зголемување на интензитетот на снежната бура и до зголемување на влијанието на студеното време.