Zein Khalil,Hamdi Yıldız
04 Јуни 2024•Ажурирај: 05 Јуни 2024
ТЕЛ АВИВ (АА) - Стотици Израелци излегоа на демонстрации пред Министерството за одбрана во Тел Авив барајќи ослободување на израелските заробеници во Појасот Газа, јавува Анадолу.
Демонстрантите ја блокираа улицата Бегин пред Министерството за одбрана, објави радиото на израелската војска.
За време на собирот демонстрантите извикуваа слогани како „Моментален договор за размена“ и „Сите нѐ киднапира напуштената влада“, објави порталот „Вала“, кој емитува вести на хебрејски јазик.
Се наведува дека демонстрациите биле организирани на покана на претставници на семејствата на израелските заробеници во Газа за да го изразат своето незадоволство поради тоа што Владата не склучила договор за размена на заробеници.
„Нема да заминам одовде додека не се постигне договор за размена на затвореници. Ги повикувам граѓаните на Израел да ни се придружат на овие демонстрации“, рече Еинава Зангаукера, мајка на еден од израелските затвореници во Газа, додавајќи:
„Оваа Влада нема право да ги остави затворениците да умрат. Тие немаат овластување да одлучуваат кој да дојде, а кој не. Сакаме сите да се вратат живи или мртви.“
Слични демонстрации се одржаа и во близина на куќата на премиерот Бенјамин Нетанјаху во Ал Кудс. Демонстрантите, кои бараа враќање на заробениците, запалија свеќи со имињата на четворицата заробеници што загинаа во Газа.