Mahmoud Barakat
19 Септември 2019•Ажурирај: 20 Септември 2019
ТУНИС (AA) - Поранешниот претседател на Тунис Зин ел Абидин Бен Али почина во 83 година од животот, во градот Џеда во Саудиска Арабија, изјави неговиот адвонат Мунир Бен Салха, јавува Anadolu Agency (AA).
Адвокатот веста за смртта на поранешниот претседател на Тунис ја потврди на социјалната мрежа Фејсбук.
Салха претходно на новинарите им рече дека Бен Али е болен и дека поради тоа е префрлен на лекување во болница во Џеда.
Бен Али живееше во егзил во Саудиска Арабија откако е соборен со народен бунт на 14 јануари во 2011 година.