Ömer Koparan
18 Март 2020•Ажурирај: 19 Март 2020
АФРИН
Пет цивили ги загубија своите животи, а 7 се повредени при нападот на терористичката организација ЈПГ/ПКК во центарот на Африн, кој е ослободен од теророт пред две години со операцијата „Маслинова гранка“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Терористичката организација ЈПГ/ПКК, која согласно договорот меѓу Турција и Русија, постигнат на 22 октомври 2019 година, треба да се евакуира од Тел Рифат, ги нападна цивилите во Африн.
Во нападот изведен со ракети загинаа 5 цивили, а повредени се 7.
Постои загриженост поради можноста да се зголеми бројката на загинати.
Центарот на градот Африн беше ослободен од терористите на ЈПГ/ПКК на 18 март 2018 година со операцијата „Маслинова гранка“, спроведена од Турските вооружени сили (ТСК) и Сириската национална војска (СНВ).
ЈПГ/ПКК, која е отстранета од Африн со операцијата „Маслинова гранка“, ја продолжува својата окупација во регионот Тел Рифат.
Терористичката организација честопати напаѓа цивилни населби во Африн и Азез, кои се наоѓаат под контрола на Сириската национална војска (СНВ).
Терористите последен пат го нападнаа со ракети центарот на Африн на 29 јануари, при што беа повредени 4 цивили.
Се забележува дека нападите се реализирани на двегодишнината од ослободувањето од терористичката организација на центарот на Африн.