Övünç Kutlu
04 Ноември 2020•Ажурирај: 05 Ноември 2020
ВАШИНГТОН
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека бил во водство на претседателските избори 2020 година, но дека тогаш неговите гласови „почнале магично да исчезнуваат", јавува Агенција Анадолија (АА).
„Синоќа водев, често многу солидно,во бројни клучни држави, во речиси сите места кои ги држеа и контролираа демократите. Тогаш, една по една, почнаа магично да исчезнуваат додека се бројеа изненадувачки дописни гласови. Многу чудно, а анкетарите се сфатија потполно и историски погрешно", рече Трамп на Твитер.
Неговите коментари следуваа откако ја загуби предноста над демократскиот кандидат Џо Бајден во сојузната држава Мичиген, каде трката за 16 електорски гласови се интензивираше и стана многу понеизвесна отколку што повеќето анкети предвидува.
Бајден одговори: „Нема да застанеме додека не се пребројат сите гласови."
И понатаму се води голема трка во неколку клучни држави, вклучувајќи ја Џорџија, Северна Каролина, Пенсилванија, Мичиген, Висконсин, Невада и Аљаска.
Во Соединетите Американски Држави трае сложен процес на броење на гласовите од вчера одржаните 59. претседателски избори, а се чини дека ова би можеле да бидат едни од најнеизвесните избори во поскората историја на таа земја.
Според неофицијалните резултати кои ги објави агенцијата Асошиејтед Прес (АП), кандидатот на Демократската партија и поранешниот потпретседател на САД, Џо Бајден, моментално води со 238 гласови на електорите, додека неговиот ривал од редот на Републиликанската партија и актуелниот шеф на државата Доналд Трамп има 213 гласови на електорите.