Michael Gabriel Hernandez
05 Ноември 2020•Ажурирај: 05 Ноември 2020
ЊУЈОРК
Демократскиот кандидат за претседател на Соединетите Американски Држави (САД) Џо Бајден изрази верување дека ќе има доволно гласови за победа на изборите, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Јасно е дека победивме во доволно држави да освоиме 270 електронски гласови", рече Бајден во обраќањето пред јавноста.
Тој истакна дека нема да прогласи победа пред да се пребројат сите гласови, но дека е јасно дека ќе победи.
„Ова е владеење на народот и за народот. Пребројани се доволно гласови да видиме дека на крајот ние ќе имаме доволно за 270, доволно за победа. Наскоро ќе биде преброен Мичиген, се чувствуваме добро и околу Пенсилванија, ја освоивме Аризона, а мене посебно ми е важно да ги освоивме гласовите на повеќето Американци", рече Бајден.
Нагласи дека неговата победа ќе биде победа на американскиот народ.
„Кога сето ова ќе помине, ќе ги намалиме тензиите, ќе се слушаме едни со други, пак ќе се чуеме, ќе се почитуваме и грижиме едни за други. Ќе се обединиме, ќе се излекуваме, ќе бидеме заедно како нација. Не сум наивен, знам дека тоа не е лесно. Знам колкави се поделбите во нашата земја. Но знам дека за прогрес е потребно повеќе да не гледаме на противниците како на непријатели", рече Бајден и додаде:
„Ќе работам за оние кои гласаа за мене, како и за оние кои не гласаа за мене".
Бајден порача дека секој глас ќе биде преброен.
„Никој нема да ја загрози нашата демократија. Ние, народот, нема да се утешиме, нема да се предадеме. Ова ќе биде победа на американскиот народ", рече на крајот.
Бајден победи во сојузнада држава Висконсин и освои уште 10 електронски гласови, односно вкупно 248, додека Трамп има 214 електори, а за победа им е потребно најмалку 270.
Во Соединетите Американски Држави трае сложен процес на броење на гласовите од вчера одржаните 59. претседателски избори, а се чини дека ова би можеле да бидат едни од најнеизвесните избори во поскората историја на таа земја.
Изборниот систем во САД е специфичен и комплициран, со оглед дека не победува нужно кандидатот кој ќе освои највеќе гласови на ниво на целата земја, туку оној кандидат кој ќе добие најмалку 270 од 538 таканаречени електори. Гласачите не се определуваат директно за Трамп (74) или Бајден (77), туку бираат електори, демократи или републиканци, кои во декември формално бираат претседател (електорски колеџ). Тој завршен изборен чин е формалност, со што победникот на изборите се знае по изборите.
Кандидатот кој ќе победи во една сојузна држава ги добив сите нејзини електори, освен во Мејн и Небраска. Електорите на Мејн и Небраска кандидатите можат да ги поделат, зависно од резултатите на ниво на изборните единици на тие држави.