Hakan Çopur
16 Јуни 2017•Ажурирај: 17 Јуни 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на САД, Доналд Трамп, информираше за здравствената состојба на републиканскиот конгресмен Стив Скалис, кој пред два дена беше ранет од страна на вооружен напаѓач, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Белата куќа, Трамп даде изјава во врска со оружениот напад што беше изведен врз Скалис, на теренот за безбол во градот Александија, во сојузната држава Вирџинија.
„Постојат одредени проблеми, но тој е голем борец и се надеваме дека ќе биде подобро“, рече Трамп, изразувајќи надеж дека по нападот врз републиканскиот конгресмен, во земјата ќе се создаде состојба на единство.
Во меѓувреме, од болницата во којашто се наоѓа конгресменот Скалис беше соопштено дека конгресменот е опериран по третпат и во зависност од здравствената состојба, можни се и други операции.
Исто така, во соопштението се вели дека здравствената состојба на Скалис сѐ уште е сериозна, но покажува одреден напредок.
Во нападот што се случи во средата, покрај конгресменот Скалис беа ранети уште четири лица. Полицијата го соопшти идентитетот на напаѓаот. Станува збор за 66-годишниот Џејмс Хоџкинсон.
Федералното истражно биро (ФБИ) соопшти дека сѐ уште е рано овој оружен напад да се дефинира како терористички напад.