Emel Öz Gözellik
13 Јуни 2018•Ажурирај: 14 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Претседателот на САД, Доналд Трамп, истакна дека повеќе нема нуклеарна закана која доаѓа од Северна Кореја, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Средбата со Ким беше многу интересна и доста позитивно искуство. Северна Кореја има голем потенцијал за иднината“, напиша Трамп во една објава на Твитер.
Трамп напиша дека пред неговото доаѓање на оваа функција, секој мислел дека ќе се влезе во војна со Северна Кореја.
„Поранешниот претседател (Барак) Обама велеше дека Северна Кореја е нашиот најголем и најопасен проблем. Повеќе не е така, можете да спиете намира“, додаде Трамп.