Nuri Aydın
15 Ноември 2021•Ажурирај: 17 Ноември 2021
АНКАРА
Инвестициска компанија од Мајами постигна договор за продажба на хотелот „Trump International“ за сума од 375 милиони долари, кој е во сопственост на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во веста што ја објави Би-Би-Си (BBC), се наведува дека семејната компанија на Трамп во Вашингтон, за продажба на хотелот се договорил со компанијата „CGI Merchant Group“.
Информирајќи дека е договорена продажба од 375 милиони долари и дека официјалниот трансфер ќе биде направен во првиот квартал на 2022 година, во веста се нагласува дека новото име на хотелот ќе биде „Waldorf Astoria“ и дека истиот ќе биде управуван од Групацијата Хилтон.
Познато е дека компанијата на Трамп бара купувачи од 2019 година за хотелот со 263 соби.
Сенатот на САД отвори истрага против Трамп за наводно прекршување на „уставна клаузула во која на федералните службеници им забранува да примаат подароци или примања на милиони долари исплати од странски влади“.
Истрагата откри дека за време на претседателствувањето на Трамп, хотелот имал загуба од 70 милиони долари, а добил 3,7 милиони долари исплати од странски влади.
Компанијата на Трамп истакна дека извештајот за истрагата е „погрешна“.
Хотелот лоциран на неколку улици од Белата куќа отворен е во септември 2016 година.
Зградата беше купена од компанијата на Трамп во 2012 година, таа почна да работи како хотел откако Трамп стана претседателски кандидат на Републиканците.