Hakan Çopur
01 Април 2020•Ажурирај: 02 Април 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека има информација дека Иран подготвува напад врз американските воени сили во Ирак, пренесува Агенција Анадолија (AA).
„Имам и сознанија и уверување дека Иран или неговите милитанти планираат подол напад врз американските трупи и бази во Ирак“, наведе Трамп во порака на Твитер.
Трамп порача дека Соединетите Американски Држави (САД) жестоко ќе одговорат во случај на каков било напад.
„Ако се случи таков напад, Иран скапо ќе плати за тоа, и тоа како ќе плати“, се закани Трамп, но не откри повеќе детали за информациите што ги има во врска со тој случај.
Американско-иранските односи се влошија во 2015 година откако Трамп донесе одлука за повлекување на САД од меѓународниот Договор за иранската нуклеарна програма и ги обнови санкциите кон Техеран.
Тензиите во американско-иранските односи ескалираа со јануарскиот американски воздушен напад во кој беше убиен иранскиот генерал Касим Сулејмани во Багдад. Иран одговори со ракетни напади врз две американски бази во Ирак.