Servet Günerigök
09 Април 2020•Ажурирај: 09 Април 2020
ВАШИНГТОН
Американскиот претседател, Доналд Трамп, ја обвини Светската здравствена организација (СЗ0) за минимизирање на заканата од Ковид-19, велејќи дека тие погрешно го сфатиле ширењето на пандемијата, јавува Агенција Анадолија (АА).
„СЗО сфатија погрешно. Грешат на многу начини. Тие исто така силно ја минимизираа заканата. Не е добро тоа“, изјави Трамп за новинарите во Белата куќа.
Тој изјави дека САД секоја година на најголемата здравствена организација ѝ плаќаат стотици милиони долари и дека во 2019 година тие платиле 452 милиони долари, додека Кина платила 42 милиони долари.
„Тоа не е фер. Мислам дека тие мора да постават приоритети во таа организација и нивните приоритети се секоја земја да биде третирана правилно. А тоа не изгледа така, нели?“, изјави Трамп.
Тој исто така рече дека САД ќе ја испитаат ситуацијата и ќе одлучат за нивната идна вклученост во СЗО.
Еден ден претходно, Трамп ја критикуваше организацијата дека води политика концентрирана на Кина и дека го критикувале за суспендирање на летовите од Кина.
САД се најголем придонесувач во буџетот на СЗО.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, пак, ја бранеше организацијата на ОН и рече дека таа се бори во првите редови на војната против коронавирусите.
Гутереш рече дека е јасно оти СЗО треба да биде поддржана затоа што тоа е клучен фактор во глобалната борба против пандемијата.
Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, ги отфрли критиките на Трамп и повика на соработка меѓу САД и Кина.