Barry Eitel
26 Април 2018•Ажурирај: 27 Април 2018
АНКАРА (АА) - Главниот и извршен директор на компанијата „Apple“ (Ејпл), Тим Кук, вчера оствари средба со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа, пренесува Anadolu Agency (AA).
Трговијата е главната тема на состанокот, особено неодамнешните уредби потпишани од Трамп, со кои се наметнаа тарифи за разни материјали.
„Ќе зборуваме за многу нешта, вклучувајќи го и начинот на кој САД, подолг период се неправедно третирани од страна на многу земји кога станува збор за трговијата“, напиша Трамп на Твитер пред состанокот.
Тензиите помеѓу САД и Кина продолжуваат да растат, поради што многу инвеститори се загрижени дека би можела да започне трговска војна од поголеми размери меѓу двете најголеми економии во светот.
Трговската војна ќе биде особено опасна за „Apple“, која го произведува својот Ајфон (iPhone) во Кина и се обидува да изгради поголем удел на пазарот во земјата за своите производи.
За време на претседателската кампања во 2016 година, Трамп го критикуваше „Apple“ поради тоа што не ги изработува своите Ајфон и Ајпед во САД, но неговиот тон значително омекна во последните неколку месеци.