Safvan Allahverdi
26 Април 2018•Ажурирај: 26 Април 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Соединетите Американски Држави (САД) го осудија Милитантното движење на Талибанците поради најавата за отпочнување нова пролетна офанзива против американските и авганистанските вооружени сили, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Ја видовме најавата на Талибанците за пролетната офанзива. Тоа е само потврда дека таа организација е одговорна за безбедносната криза што секоја година ги уништува животите на илјадници невини Авганистанци“, се наведува во соопштението на Стејт департментот.
Американските власти порачаа дека цврсто го поддржуваат народот и вооружените сили на Авганистан во борбата против терористичките и милитантните групи коишто сакаат да го уништат авганистанското општество и држава.
Повикувајќи го талибанското движење да стави крај на оружените активности, Стејт департментот порача дека продолжувањето на насилствата не може да донесе мир и просперитет во Авганистан.
Претседателот на Авганистан, Ашраф Гани, во саботата го повтори неговиот апел до движењето за ставање крај на оружените активности, и да учествуваат како политички субјект на претстојните парламентарни и покраински избори во земјата.
Во ек на апелите за воспоставување дијалог и мировниот процес во Авганистан, талибанското движење вчера соопшти дека започнува нова пролетна офанзива против авганистанските и американските сили.