Fatma Bülbül
28 Јуни 2017•Ажурирај: 28 Јуни 2017
МЕЛБУРН (АА) - Три лица загинаа во пад на мал авион што се урна во регионот Сатонтаун во близина на планината Гамбиер во Австралија, пренесува Anadolu Agency (АА).
Според полицијата, мал едномоторен авион од типот „Tobago“ се урнал во поле. Властите не соопштија колку лица се наоѓале во авионот, ниту идентитетот на жртвите.
Австралискиот одбор за безбедност во сообраќајот отвори истрага за падот на авионот.
Три лица загинаа и минатиот месец во пад на авион во близина на Ренмарк.