Betül Yürük
28 Јуни 2022•Ажурирај: 28 Јуни 2022
ЊУЈОРК (АА) - Три лица загинаа, а повеќе од 40 се повредени во железничката несреќа што се случи во американската сојузна држава Мисури, известува Агенција Анадолија (АА).
Мајк Парсон, гувернерот на Мисури изјави дека воз во сопственост на „Амтрак“ излетал од шините.
Во соопштението што го објави „Амтрак“ се вели „Откако возот на ‘Амтрак’ се судри со камион кипер во Мисури, неколку вагони излетаа од шините, при што се повредија неколку патниците“.
Во несреќата животот го загубија тројца од 243 патници во возот, а повеќе од 40 луѓе се повредени.
