Riyaz Khaliq Khaliq
03 Мај 2023•Ажурирај: 04 Мај 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 3 лица загинаа откако цивилен хеликоптер се урна во северозападниот дел на Кина, објавија денес локалните медиуми, пренесува Анадолу.
Дневниот весник „Глобал тајмс“ објави дека хеликоптерот се урнал во вторникот, во близина на градот Сиан, во кинеската провинција Шенси.
Хеликоптерот е многу оштетен при падот, а властите ја истражуваат причината за несреќата.