Qais Omar Darwesh Omar,Hacer Başer
10 Јуни 2021•Ажурирај: 11 Јуни 2021
РАМАЛА
Израелските сили извршија рација во градот Џенин кој се наоѓа во северниот дел на окупираниот Западен Брег, при што загинаа тројца Палестинци кои се спротивставија, додека едно лице е повредено, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на палестинската официјална новинска агенција ВАФА (WAFA), израелските сили кои извршиле рација во градот Џенин, се соочиле со отпорот на палестинските безбедносни сили.
Во настанатите немири животот го загубиле три лица, од кои двајца припадници на безбедносните единици при палестинската администрација.
Двајца од загинатите - Етем Алејви (23) и Тејсир Исанин (33) биле вработени во Воената разузнавачка служба, додека третиот загинат е Џемил Махмуд ел Амури, Палестинец кој претходно бил задржан во израелските затвори.
Се истакнува дека повредениот Палестинец е исто така припадник на безбедносните единици и дека се здобил со тешки повреди, и е пренесен во болница.
Директорот на Воената разузнавачка служба во Џенин, Талиб Салахат, нагласи дека Алејви и Исанин биле егзекутирани за време на ноќната стража.
Израелската страна сѐ уште не дала изјава за случајот.