Yosra Ouanes,Ali Semerci
23 Август 2020•Ажурирај: 24 Август 2020
ТУНИС
Во организација на неколку здруженија во Тунис, главниот град на истоимената држава, одржани се протести против Договорот за нормализација со Израел, јавува Агенција Анадлија (АА).
Демонстрантите носеа знамиња на Палестина и транспарентни со натписи „Нормализацијата е големо предавство" и „Кудс е компас на муслиманскиот уммет".
Бешир ел-Хузри, претседателот на палестинската организација Ансар" рече дека организирале протест за да искажат противење на договорот за нормализација на односите помеѓу ОАЕ и Израел и за да го свртат вниманието на муслиманите на значењето на борбата за независна држава Палестина.
Хавле ел Абиди, членка на Арапската женска коалиција за поддршка на Кудс (Ерусалим) и Палестина, истакна дека во текот на наредните четири седмици ќе организираат протести против нормализација на односите со Израел.
Апелираше и на другите муслимани да искажат противење против договорите за нормализација на односите на ОАЕ и Израел.
Минатата седмица, ОАЕ и Израел соопштија дека постигнаа договор за нормализација на билатералните односи. Претседателот на САД, Доналд Трамп лично соопшти дека ОАЕ и Израел постигнале договор во потполност да ги нормализираат билатералните односи. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху порача дека тоа е историски успех.
ОАЕ станаа трета земја која со Израел постигна договор за нормализација на односите, а претходно тоа го направија Египет (1979) и Јордан (1994).
Палестинското раководство, вклучувајќи ги движењата Фатах, Хамас, Исламски џихад и Народен фронт за ослободување на Палестина, согласно е дека договорот за нормализација на односите помеѓу ОАЕ и Израел претставува големо предавство.