Fırat Taşdemir
08 Септември 2022•Ажурирај: 09 Септември 2022
АНКАРА (АА) - Турското Министерство за одбрана соопшти дека уште пет брода натоварени со жито испловиле од украинските пристаништа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството е наведено дека бродовите испловиле утринава.
Туркије, Обединетите нации (ОН), Русија и Украина на 22 јули во Истанбул потпишаа Договор за продолжување на извозот на жито од трите украински пристаништа на Црното Море кој беше блокиран поради војната меѓу Русија и Украина.
Во Истанбул е формиран Заеднички координативен центар со официјалните лица од трите земји и ОН кои ја надгледуваат испораката.