Ömer Tuğrul Çam
19 Јули 2021•Ажурирај: 20 Јули 2021
БРИСЕЛ (АА) - Турската Фондација „Дијанет“ започна кампања за помош на погодените од поплавите во источниот дел на Белгија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во апелот објавен на турски, француски и фламански јазик за кампањата, Фондацијата повика на солидарност за помош на поплавените.
Во соопштението се вели дека сумата собрана во кампањата ќе им биде доставена на властите.
„Заедно, можеме да ги надминеме овие тешки денови!”, се додава.
Најмалку 31 лице загинаа, а 163 се водат за исчезнати во поплавите што ги зафатија подрачјата на Лиеж, Вервие, Спа, Намур и Лимбург во источна Белгија.
Десетици објекти се уништени, додека илјадници од нив станаа нефункционални.
Додека трае потрагата по исчезнатите лица, речиси 40.000 куќи немаат електрична енергија.