Emel Gözellik
27 Декември 2020•Ажурирај: 02 Јануари 2021
РОКФОРД
Вооружен напад во кој животот го загубија 3 лица, а уште 3 се ранети е извршен во американската сојузна држава Илиноис, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Дан Ошеј, претставник на полицијата, за медиумите изјави дека вооружено лице пукало во куглана во градот Рокфорд.
Ошеј информираше дека како последица на истрелите од огненото оружје 3 лица ги загубија животите, а уште 3 лица се ранети, додавајќи дека е приведен осомничениот, кој е на 37-годишна возраст.
Започната е истрага во врска со вооружениот напад.