Esra Tekin
03 Декември 2025•Ажурирај: 04 Декември 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговиот фински колега Александар Стаб денес во телефонски разговор дискутирале за билатералните и за регионалните и глобалните прашања, соопшти Дирекцијата за комуникации на Турција, известува Анадолу.
Истакнувајќи ги напорите на Анкара за зголемување на обемот на трговијата со Хелсинки, Ердоган рекол дека Турција има намера да ги унапреди односите преку чекорите што ќе бидат преземени.
„Турција се стреми кон успешно завршување на мировниот процес меѓу Украина и Русија“, рекол претседателот Ердоган, додавајќи дека разговорите во Истанбул претставуваат дипломатска платформа чија ефикасност е веќе докажана.
„Претседателот Ердоган изјави дека Турција внимателно го следи спроведувањето на прекинот на огнот во Газа, дека трајниот мир во регионот е можен само преку визијата за решение со две држави и дека признавањето на државата Палестина од страна на Финска би било добредојдено“, се вели во објавата на Дирекцијата за комуникации на турското Претседателство.
Ердоган воедно на претседателот Стаб му го честитал Денот на независноста на Финска, кој паѓа на 6 декември.