Berk Özkan
24 Април 2020•Ажурирај: 26 Април 2020
ИСТАНБУЛ
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган телефонски разговараше со катарскиот емир Шејх Темим бин Хамед ал Тани, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Одделот за комуникации при турското Претседателство.
Според ова соопштение, Ердоган и Ал Тани разговараа за соработката во борбата против Ковид-19.
Во соопштението се нагласува дека двајцата лидери се осврнаа и на билатералните односи како и на регионални прашања.