Islam Doğru
30 Мај 2020•Ажурирај: 31 Мај 2020
ЊУЈОРК
Во Соединетите Американски Држави (САД) во последните 24 часа починаа 1.203 лицa од новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати во оваа земја се зголеми на 104.582 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
САД се наоѓаат на врвот на листата на земји во светот што се најмногу погодени од Ковид-19, и се епицентарот на оваа пандемија.
Според интернет страницата „Worldometer“, во САД во последните 24 часа се потврдени 25.305 случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата се зголеми на 1.795.665.
Од Ковид-19 во САД починаа уште 1.203 лица со што вкупната бројка на починати се искачи на 104.582.
Што се однесува до најголемата бројка на случаи, по САД следуваат Бразил со 468.338 откриени случаи, Русија со 396.575 откриени случаи, и Шпанија со 285.644 откриени случаи.
Од друга страна, американската сојузна држава Њујорк се наоѓа на врвот на листата на сојузни држави на САД кои се најмногу погодени од овој вирус, по кој следуваат Њу Џерси и Илионис.
Во Њујорк откриени се 377.714 случаи со Ковид-19, додека како последица на овој вирус починаа 29.751 лице.
Во САД досега се извршени околу 16 милиони 830 илјади тестирања за Ковид-19. Бројката на излекувани лица од овој вирус достигна речиси 520.000.