Talha Yavuz
22 Јануари 2021•Ажурирај: 22 Јануари 2021
КИЕВ (АА) - Во украинскиот главен град Киев се одржа пригодна свеченост по повод Денот на единството, кој се одбележува по повод обединувањето на Украинската народна република и Западноукраинската народна република во 1919 година, јавува Агенција Анадолија (АА).
На церемонијата присуствуваа украинскиот претседател Владимир Зеленски, украинскиот премиер Денис Шмигал, претседателот на украинскиот парламент Дмитри Разумков и шефот на претседателскиот кабинет Андриј Јермак.
Зеленски во рамки на церемонијата положи цвеќе на споменикот на Михаил Хурушевскиј, еден од лидерите на националното движење на Украина.
Инаку, Денот на единството официјално се одбележува од 1999 година.