?kipa
10 Септември 2017•Ажурирај: 11 Септември 2017
СЕНТ ПИТЕРСБУРГ (АА) - Ураганот Ирма пристигна утринава по локално време до западниот брег на Флорида, односно до архипелагот Флорида Кис, откако прерасна во ураган од силна четврта категорија, јавува Anadolu Agency (AA).
Пропратен со ветрови од 215 километри на час, ураганот Ирма стигна до американската сојузна држава, а според прогнозите на американскиот Национален центар за урагани ова би можело да биде најлош ураган во историјата на овој дел на САД.
Вчера во Флорида и соседните сојузни американски држави извршено е масовно евакуирање на жителите.
Повеќе од 430.000 домови и деловни објекти во Флорида останаа без струја, а ураганот донесе силни ветрови со обилни врнежи.
Десетици илјади жители на овој полуостров се наоѓаат во засолништа поради бурата, а над 6,3 милиони жители на Флорида добија наредба да ги напуштат своите домови.
Ураганот Ирма во врвот на својата сила беше категоризиран во петата категорија, и во таа фаза ги погоди Карибите, одземајќи ги животите на 20 лица.
Трамп одржа состанок на кабинетот во Кемп Дејвид и ги повика сите жители на Флорида да соработуваат со надлежните служби кои вршат евакуација.
„Само тргнете ѝ се од патот на Ирма. Целиот имот се надокнадува, но животите не, и затоа безбедноста е најважна“, порача Трамп.