Betül Yürük
12 Октомври 2016•Ажурирај: 12 Октомври 2016
ЊУЈОРК (АА) - По разорниот ураган Метју, се очекува Бермудските Острови да ги погоди тропската бура Никол, која се трансформира во ураган, јавува Anadolu Agency (AA).
Центарот за информирање за урагани (НХЦ) на САД наведе дека се oчекува ураганот Никол, кој дува со брзина од 130 километри на час, денес да ги погоди Бермудските Острови.
Официјалните лица предупредија населението да биде во готовност поради ураганот.
Министерот за безбедност на Бермудските Острови, Џеф Барон, изјави дека ураганот претставува сериозна закана за Бермудските Острови и дека се очекува да ги погоди САД.