Emel Gözellik
13 Ноември 2020•Ажурирај: 17 Ноември 2020
МАНИЛА
Бројот на загинати во поплавите предизвикани од тајфунот Вамко кој ги погоди Филипините, се искачи на 39, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Началникот на Генералштабот на Армијата на Филипините, Гилберт Гапај, истакна дека тимовите за пребарување и спасување продолжуваат со работа во филипинскиот главен град Манила кој беше погоден од овој тајфун.
Гапај информира дека во поплавите предизвикани од тајфунот загинале 39 лица, додека 32 лица се водат за исчезнати.
Според него, најмалку 100.000 лица биле спасени, од кои 41.000 во Манила.
Во 3,8 милиони домаќинства во Манила има прекин на доставата на електричната енергија, додека прекината е и наставата во училиштата.
Претседателот на Филипините, Родриго Дутерте, истакна дека државните институции се ангажирани за нудење помош во зоните погодени од тајфунот, и дека на евакуираните лица ќе им биде обезбедено засолниште, како и материјална и духовна поддршка.