26 Февруари 2019•Ажурирај: 27 Февруари 2019
ПАРИЗ (АА) - Дуња Мијатовиќ, комесарката на Советот на Европа за човекови права, ги критикуваше француските власти поради начинот на кој се обидуваат да ги решат протестите против Владата кои ја потресоа земјата во последните неколку месеци и ги повика да се обидат да ги почитуваат човековите права, пренесува Anadolu Agency (AA).
По минатомесечната посета на Париз, Мијатовиќ напиша меморандум, кој е објавен денес, во кој, исто така побара од Владата на Франција да се воздржи од воведување прекумерни рестрикции кои се однесуваат на јавните собири, преку Законот за кој моментално се дискутира во Парламентот.
Контроверзниот закон има за цел да се бори со проблематични лица, кои протестите ги користат за да ја напаѓаат полицијата.
Според податоците на Министерството за внатрешни работи на Франција, од почетокот на демонстрациите на „Жолтите елеци“ во ноември минатата година, повредени се повеќе од 3.000 лица.