Aness Suheil Barghoti
26 Февруари 2019•Ажурирај: 27 Февруари 2019
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја поздрави оставката на иранскиот министер за надворешни работи, Џавад Зариф, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Зариф си замина. Убаво ослободување“, напиша Нетанјаху на Твитер.
„Сè додека сум тука, Иран никогаш нема да се стекне со нуклеарно оружје“, додаде тој.
Израел традиционално го смета Иран за една од најголемите закани за својата безбедност.
Со години Израел водеше кампања против Договорот за нуклеарната програма од 2015 година склучен меѓу Техеран и светските сили.
Иранскиот министер Џавад Зариф синоќа објави дека се повлекува од функцијата министер на својот профил на Инстаграм. Причините за оставката не беа наведени.