Ikrame Imane Kouachi
23 Јуни 2024•Ажурирај: 26 Јуни 2024
БЕЈРУТ (АА) - Хезболах денес соопшти дека неговите борци извршиле воздушен напад врз израелските касарни во близина на границата со Либан, при што има убиени и ранети меѓу израелските војници, пренесува Анадолу.
Во соопштението, либанската група истакнува дека нејзините борци извршиле „воздушен напад со јуришен дрон врз штабот на баталјонот Ал-Сахел во касарната Беит Хилал и ги таргетирале локациите и населбите на офицерите и војниците“.
Се додава дека постигнат е директен удар, што резултирало со ранувања или смрт на израелските војници.
Групата истакна дека нападот доаѓа како одговор на „атентатот извршен од израелскиот непријател во градот Ал-Хајара во источен Либан“.
Тел Авив се нема огласено за изјавите на Хезболах.
Во саботата, најмалку едно лице загина откако израелските сили изведоа напад врз автомобил во градот Ал-Хајара во Бека, источен Либан.
Тензиите долж границата меѓу Либан и Израел и прекуграничните напади меѓу Хезболах и израелските сили се зголемија откако Тел Авив започна со својата смртоносна офанзива на Појасот Газа, во која, од минатиот 7 октомври, загинаа повеќе од 37.000 луѓе.
Хезболах го поврза прекинувањето на своите напади врз Израел со прекинувањето на израелските напади врз Газа.