Ekip
08 Април 2023•Ажурирај: 10 Април 2023
КИГАЛИ (АА) - Преодната воена влада на Чад го протера германскиот амбасадор во земјата, известува Анадолу.
„На германскиот амбасадор во Чад, Гордон Крике, наредено му е да го напушти Чад во рок од 48 часа“ соопшти Министерството за комуникации на Чад.
Во соопштението се наведува дека амбасадорот Крике е прогласен за персона нон грата поради својот „непристоен став и непочитување на дипломатските обичаи“ кон Чад.
Германските официјални лица до утрово не беа достапни за коментар.
Во веста на Агенцијата за информации на Чад се наведува дека преодната влада изразила загриженост поради критичкиот тон на Крике за спроведувањето на транзицијата во таа западноафриканска држава.