Ekip
08 Април 2023•Ажурирај: 11 Април 2023
КИЕВ (АА) - Украинската Влада предложи спроведување на секторски санкции против режимот на Башар ел Асад на пет децении, известува Анадолу.
„Денес Владата предложи конечен, цврст, но апсолутно адекватен одговор на позицијата на Сирија, воведување на секторски санкции против таа земја во период од 50 години“, рече украинската министерка за економија, Јулија Свириденко.
Таа додаде дека односите со Сирија ќе бидат прекинати на подолг период.
Кабинетот на министри ја прифати одлуката за поднесување предлог до Советот за национална безбедност и одбрана за воведување санкции кон Сирија.
Санкциите предвидуваат забрана за увоз и извоз, како и за инвестициски активности со лицата поврзани со режимот на Сирија.
Предлогот ќе стапи во сила по одобрувањето на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана и потпишувањето од претседателот на државата.