Ikrame Imane Kouachi
20 Октомври 2024•Ажурирај: 21 Октомври 2024
АНКАРА (АА) - Најмалку четири лица се убиени, а неколку се повредени денес во израелските воздушни напади врз населбата Касар Затар во Набатиех во јужен Либан, објави либанската национална новинска, пренесува Анадолу.
Во одделен инцидент, израелските војници активирале експлозив во населбата Ал-Тараш во Мејс ал-Џабал, во јужен Либан.
Поддрачјето е срамнето со земја со големо количество експлозив, а гробиштата Блида во блиската населба Бинт Џбеил се уништени со булдожери.
Израелските сили се обидуваат да напредуваат и во пограничниот град Ал-Дахира, кој се наоѓа во јужниот либански округ Тир.
Овој упад, кој беше проследен со тешко артилериско гранатирање на периферијата на градот и блиската област Ал Бустан, доведе до жестоки судири со локалните сили на отпорот.
Израел започна воздушна кампања во Либан од крајот на минатиот месец против, како што вели, цели на Хезболах. Во овие израелски напади досега се убиени повеќе од 1.500 Либанци, а над 1,34 милиони се раселени.
Прекуграничната војна меѓу двете страни започна по геноцидот што Израел го спроведува во Газа од октомври минатата година.