Servet Günerigök
20 Октомври 2024•Ажурирај: 21 Октомври 2024
ВАШИНГТОН (АА) - На интернет се појавија тајни документи на американските разузнавачки служби во кои се наведени наводните подготовки на Израел за потенцијален напад врз Иран, среде шпекулациите за можен напад како одговор на иранскиот напад со балистички ракети врз Израел на 1 октомври, известува Анадолу.
Документите од 15 и 16 октомври почнаа да кружат во петокот, откако Middle East Spectator ги споделени на социјалната мрежа Телеграма.
Протекувањето на документите наводно дошло од извор во американската разузнавачка агенција.
Еден од документите, кој наводно го составила Националната геопросторна разузнавачка агенција на американското Министерство за одбрана, укажува на тоа дека плановите на Израел вклучуваат и преместување на муниција.
„Израелското воено воздухопловство продолжи со користење на балистички ракети воздух-воздух (ALBM), да спроведува операции со беспилотни летала и изведе втора вежба со ангажирање на големи воени сили (LFE) од 15 до октомври 2024 година, според анализата на снимката“, се наведува во документот.
Во вториот документ се вели дека е тој е доставен до Агенцијата за национална безбедност и ги опишува вежбите на израелските воздухопловни сили кои вклучуваат ракети воздух-земја, за кои исто така се верува дека се во подготовка за напад врз Иран.
САД го истражуваат протекувањето на високо доверливите документи, објави Си-Ен-Ен, кој цитираше три лица запознаени со ова прашање.
Еден извор ја потврди автентичноста на документите. Американски официјален претставник го опиша протекувањето на овие документи како „длабоко вознемирувачко“, пренесе Си-Ен-Ен.
Во веста се вели дека американски официјален претставник рекол дека е започната истрага за да се утврди кој имал пристап до наводниот документ на Пентагон.
Ваквото протекување автоматски предизвикува истрага во која ќе биде вклучен ФБИ, заедно со Пентагон и американските разузнавачки агенции, објави Си-Ен-Ен.
Протекувањето може да биде обид да се попречи израелската операција, објави информативната веб-страница Аксиос.
Американскиот претседател Џо Бајден во петокот рече дека знае како и кога Израел ќе го нападне Иран, бидејќи Техеран предупредил дека ќе одговори „одлучно“.
Бајден претходно побара од Израел да не ги напаѓа иранските нафтени или нуклеарни локации, да не изведува напади коишто би можеле драматично да го ескалираат влошувањето на конфликтот.
Иран соопшти дека го извршил балистичкиот напад како одмазда за убиствата на поранешниот политички лидер на Хамас Исмаил Ханије во Техеран и генералниот секретар на Хезболах Хасан Насрала во Бејрут.
Речиси 200 проектили биле истрелани погодувајќи неколку локации во Израел, вклучително и воен објект, но немаше човечки жртви.