Ömer Faruk Yıldız
22 Март 2022•Ажурирај: 23 Март 2022
ЖЕНЕВА (АА) - Владата на Швајцарија соопшти дека нема да испраќа муниција во Полска за да и пружи поддршка на Украина со оружје, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Игнацио Касис, претседателот на Швајцарската Конфедерација, во изјава за државната телевизија „SRF“ за време на неговата посета на Полска, даде проценка за украинско-руската војна и за санкциите против Русија.
Истакнувајќи дека полскиот премиер Матеуш Моравјецки му предложил Швајцарија да испрати муниција во Полска за Украина, Касис рече: „Овој предлог не е соодветен за нашата неутралност. Јас ова му го кажав на Моравјецки.“
Во врска со санкциите против Русија, Касис рече: „Полската влада исто така побара целосна поддршка за санкциите. На почитуваниот премиерот му пренесов дека не само што ги поддржуваме санкциите, туку правиме повеќе.“
Премиерот Моравјецки по средбата рече дека швајцарската влада треба да ги замрзне сметките и да го конфискува имотот на руските лидери во земјата.
По започнувањето на војната меѓу Украина и Русија, земјите на НАТО одлучија да испратат илјадници противтенковски и стотици ракети за противвоздушна одбрана во Украина, како и големи количини на лесно оружје и резерви на муниција.
Земјите од Европската унија (ЕУ), исто така, презедоа акција за поддршка во оружје во вредност од 450 милиони евра и 50 милиони евра помош за заштитна опрема.
Позната по својата неутралност и домаќин на меѓународни мировни преговори, Швајцарија на 28 февруари донесе одлука за санкции против Русија.