Bahtiyar Abdülkerimov
22 Март 2022•Ажурирај: 23 Март 2022
КИЕВ (АА) - Од почетокот на нападите од Русија во Украина, животот го загубија 117 деца, а 155 деца се повредени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Јавното обвинителство на Украина сподели информации за украинските деца што ги загубија животите откако Русија ѝ објави војна на Украина.
Според информациите, во бомбардирањето на руската Армија досега се оштетени 548 образовни институции, а 72 од нив се целосно уништени и веќе не можат да се користат.
Од 24 февруари, кога почна руско-украинската војна, до 22 март, според првичните информации, животот го загубиле 117 деца, а 155 деца се повредени.
Децата што живеат во Киев, Харков и Чернихив се најпогодени од бомбашките напади.