Atila Altuntaş
12 Јуни 2018•Ажурирај: 13 Јуни 2018
СТОКХОЛМ (АА) - Во Шведска минатата година врз џамиите и месџидите се извршени 38 напади, јавува Anadolu Agency (AA).
Во извештајот на Универзитетот Упсала е наведено дека бројот на нападите во минатата година е десет пати поголем во однос на 2016 година. Истакнаа дека се регистрирани 38 напади.
Макс Стокман од Кабинетот за верски заедници на Шведска изјави дека зголемувањето на бројот на напади претставува сериозна опасност за верските слободи во таа земја.
„Секој би требало да ја исповеда религијата слободно и сигурно. Темелната должност на државата е да се бори против елементите кои претставуваат закана за верските слободи“, појасни Стокман.
Тој изрази загриженост поради нападите врз муслиманите и Евреите во таа земја.
Министерот за правда и внатрешни работи нападите ги оцени како 'страшни', наведувајќи дека зголемувањето на бројот на нападите не е забележано само во Шведска, туку и низ Европа.
Тој истакна дека ќе ги заостри безбедносните мерки за да ги заштитат џамиите.