Atila Altuntaş
01 Март 2017•Ажурирај: 02 Март 2017
СТОКХОЛМ (АА) - Министерката за надворешни работи на Шведска, Маргот Валстром е потресена од ветото на Русија и на Кина, на нацрт-резолуцијата од Советот за безбедност при ОН, јавува Anadolu Agency (AA).
Потсетуваме, вчера Русија и Кина вложија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност при ОН, со која се бараше да се воведат санкции против режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад поради напади со хемиско оружје во војната во Сирија.
„Ветото на Русија и на Кина длабоко ме натажи“, истакна Валстром во соопштението.
Министерката потсети дека е утврдено оти режимските сили во Сирија и терористичките организации, меѓу кои и ДЕАШ, користеле хемиско оружје.
„Шведска се противи на употребата на секаков облик на хемиско оружје. Користењето хемиско оружје е воено злосторство и геноцид. Сирија ја прекрши Резолуцијата за хемиско оружје“, смета Валстром.
Таа најави и парична помош од околу 200.000 евра на заедничката комисија на ОН и Организацијата за забрана на хемиското оружје (OPCW), која ќе се занимава со истражување на употребата на хемиското оружје во Сирија.