Recep Şakar
01 Март 2017•Ажурирај: 01 Март 2017
ЏИЛОНГ (АА) - Во градот Џилонг, во Австралија се одржува Меѓународен саем за авијација, на кој присутните можеа да уживаат во маневрите на многубројните воздухоплови, јавува Anadolu Agency (AA).
На саемот, кој се одржа на аеродромот „Авалон“, воениот авион на американското воздухопловство Ф-22 Раптор на производителот „Локит Мартин“, половина час ја воодушевуваше публиката со изведувањето маневри.
Потоа својата умешност ја покажаа и пилотите на воените авиони на војската на Австралија Ф/A 18-Ф Супер хорнет.
Саемот се одржува на секои две години, а ќе заврши на 5. март.